Arrow Tag?

Arrow Tag е борбено стреличарско искуство кое ќе направи да го почуствуваш адреналинот низ целото тело.
Искуство како ниедно друго.
Искуство што ти дава можност да се бориш со лак и стрели против твоите пријатели.

Arrow Tag е тимска игра, се игра во два тима со максимум 6 играчи во тим. Секој
тим е на сопствена половина од теренот и играчите не смеат да преминуваат на противничката половина. На
секоја од половините од теренот се поставени еднаков број на бункери кои се користат како заштита од
противничките стрели.

Главната цел на играта е да ги елиминирате противничките играчи пред истекот на времето. Времетраењето
на една игра е од 5-7 минути, но во зависност од типот на играта и искуството на тимовите, една игра може да трае
само неколку минути. Бидејќи игрите се кратки, во еден час играње може да се изиграат и десеттина игри.

Типови на игри

Класик

Целта е да се елиминираат сите играчи од
противничкиот тим до истек на времето. По истекот на
времето победник е тимот со повеќе играчи. Доколку
тимовите имаат ист број на останати играчи се
применува правилото на “First Blood”.
Со погодок во една од поставените мети еден од
елиминираните играчи се враќа во игра

Елиминација

Овде важат истите правила како кај Класик со тоа што
покрај елиминација на самите играчи овде може да се
дојде до победа и доколу се погодат сите поставени
мети, тимот што ќе ја погоди последната непогодена
мета е победник.

Потребна опрема

Потребната опрема, во целост ја обезбедуваме ние.

Опремата се состои од:

  • лак
  • специјално дизајнирани стрели со сунгерести врвови
  • заштитна маска
  • штитник за подлактица